Интересна ситуација во меч од англиската Лига 1 (третата лига). Оксфорд Јунајтед како гостин го совлада Гилингем со 7:2, а четири гола на мечот постигна Камерон Бранаган и сите од пенал. Нешто невидено досега во англискиот фудбал, вистински уникат!
Како споредба 20 од 24-те тимови во Лига 1 немаат реализирано четири пенали севкупно на сите натпревари во досегашниот дел од сезоната, а Бранаган му успеа четири пати и тоа на еден меч.
Инаку Бранаган е поранешен играч на Ливерпул, се работи за фудбалер за врска кој во Оксфорд игра од 2018 година.
Cameron Brannagan poses with the match ball on the penalty spot. Unforgettable day for the #oufc midfielder. pic.twitter.com/t9bAGeGpJI
— Oxford Mail OUFC (@OxfordMailOUFC) January 29, 2022