Ѓорѓи Стоилов, големото зимско засилување на Шкупи слета кај “гулабите“. Одличниот играч за врска и повремен репрезентативец на Македонија и тоа како ќе придонесе за уште поголем квалитет во средниот ред на есенскиот првак во ПМФЛ.
Стоилов дојде во базата на Шкупи во Анталија, тука беше пречекан од раководството на клубот како и од стратегот Гоце Седлоски. Интересно, Стоилов и Седлоски одново по цела една деценија ќе соработуваат како тренер и играч. Така беше во Хоризонт Турново, така сигурно ќе биде и во Шкупи.