Шпанија се пласираше во финалето на Европското првенство во ракомет и ќе има шанса да влезе во друштво на Шведска (противникот во битката за златен медал), како втора репрезентација која на три континентални натпреварувања по ред успеала да се искачи на тронот.
И покрај ова големо достигнување во Шпанија во центарот на вниманието е Рафаел Надал, кој утре игра финале против Медведев на Австралија Опен. Тој има шанса да дојде до 21 грен-слем титула.
Надал е на насловната на Марка, додека пак за ракометарите на оваа страница имаат одвоено еден мал дел.
Ова пак не е случај во „Л’Екип“. На насловната страница се најдоа ракометарите кои вчера во полуфиналето беа совладани од Шведска, против Данска ќе се борат за бронзата на Европското првенство.