Интересна ситуација во супервелеслаломот во германскиот зимски центар Гармиш-Партенкирхен. Две скијачки завршија на првото место. Италијанката Федерика Брињоне и Австријката Корнелија Хитер го поделија првото место во супервелеслаломот, а трета на подиумот застана Австријката Тамара Типлер.
Брињоне и Хитер завршија со идентично време 1:18.19, а Типлер имаше 82 стотинки послабо време.