Попладнево во Анталија и екипите на Македонија ЃП и Силекс одиграа пријателски средби. За разлика од Работнички кој го победи Факел од Вороњеж со 3:0, Македонија ЃП ремизираше со Алтач од Австрија (0:0), додека Силекс загуби од Металац од Србија (0:1) и тоа со примен гол во 86.минута. Овој меч го имаше во живо на ТВ Арена Спорт, и од тоа што можеше да се види кратовци беа солидни против српскиот Супер-лигаш. Инаку ова за нив беше прва пријателска во Анталија.