Ѓоковиќ ќе биде најголем губитник по финалето меѓу Надал и Медведев

776

Финалето во Австралија Опен се игра за половина час, во него силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Рафаел Надал. За нив ова ќе биде второ финале на гренд слем турнирите, првото беше на УС Опен 2019 година, победи Шпанецот.

Со триумф, Надал тој ќе биде осамен на врвот на листата по бројот на освоени гренд слем титули. Засега Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20 титули. Српскиот тенисер имаше шанса да влезе во историјата уште претходно, но не успеа, сега не му беше дозволено да игра на Австралија Опен, откако беше депортиран од оваа земја.

Ѓоковиќ покрај тоа што може да остане без првото место по бројот на титули, тој може да го изгуби и првото место на АТП листата доколку Медведев го победи Надал и дојде до втората гренд слем титула.

Како ќе заврши финалната битка останува да видиме наскоро.

ПретходноНЕ МУ ОСТАНА УШТЕ МНОГУ ВРЕМЕ: Дембеле бира меѓу три клуба!
СледноЈувентус доцна синоќа договорил два излезни трансфери – еден од нив е Кулушевски!