Пјер-Емерик Обамејанг би требало до крајот на јуни да го носи дресот на Барса. Ова е најновата вест од Шпанија,во која се вели дека каталонците и фудбалерот на Арсенал се договориле тој да игра како позајмен играч во Барселона.
Сепак се ќе зависи од тоа дали Барса ќе успее да го продаде Осман Дембеле, ако не успее тогаш тешко дека ќе успее да го привлече Обамејанг.
Исто така се навестува дека Диего Коста, некогашниот фудбалер на Атлетико Минеиро, Атлетико Мадрид, Челзи… и некогашен репрезентативец на Шпанија би можел да слета на “Камп Ноу“. Имено неговите менаџери и го понудиле на Барса.