Данска после продолжение ја совлада Франција за бронза на ЕУРО

94

Франција и Данска одиграа неизвесен натпревар. Ова беше очекувано, не само поради квалитетот, oткако двете репрезентации пропуштија шанса да се најдат во финалето, единствена утеха им остана токму третото место, а истото им припадна на Данците откако славеа со 32-35 по продолженија.

Николај Јакобсен на овој натпревар не сметаше на својот најдобар играч, Микел Хансен, кој заработи повреда. Но, ова не беше пречка да дојдат до четвртата бронза на континенталните натпреварувања.

Ландин имаше 18 одбрани, на другата страна исто толку имаше Жерар. Кај Франција Мае имаше осум гола, седум Деска, кај Данците Холм имаше 10 погодоци.

Олимпискиот првак доминираше во првото полувреме, немаше голема позитива, но го одржуваше водството. Најголемата предност беше четири гола (5-9). На другата страна Данска успеа само четири пати да израмни, на одморот беше 13-14.

Данска успеа да се разбуди, со серија од 3-0 поведе со 21-18, а потоа и со 22-19. Француските ракометари, брзо се вратија, дојдоа на плус два (26-24), не искористија напад за плус три. Јакобсен и Јенсен израмнија на 26-26 за драма во последните осум минути.

Франција во 54. минута остана со двајца играчи помалку, Данците не го искористија овој момент, од три напади само еден реализираа за 28-28. Жерар го затвори голот во вистинско време имаше две важни одбрани (еден седмерец, еден зицер).

Сван погоди за 28-29 на една минута, по пасивниот напад на противникот. Гијом повика тајм-аут, Мем израмни на 29-29. Данска не „поентираше“ во последните 12 секунди, па мечот отиде во продолжение.

Франција постигна еден гол во првите пет минути од продолжението, на другата страна данските ракометари направија серија од 3-0 за 30-32. Лауге Шмит и Холм ја држеа својата репрезентација, а Ландин со две одбрани го отвори патот кон четвртиот бронзен медал на Европските првенства. Лауге одново погоди за 31-34, а Ландин стави печат на оваа средба со нова одбрана за голема радост.

Поради продолженијата, стартот на финалето меѓу Шпанија и Шведска, кој закажан за 18 часот, ќе доцни 15 минути.

Претходно„Пандевци“ ремизираа со рускиот премиерлигаш Крилја Советов
СледноСуспензија за Гринвуд – не смее ни да тренира, ни да игра