Коронавирусот не ги прескокна ниту Зимските олимписки игри во Пекинг. Кинезите спроведуваат строги мерки за заштита од вирусот, но денеска се пријавени нови 34 случаи на Ковид-19 меѓу учесниците и организаторот на Игрите, кои стартуваат на 4 февруари.
Домаќинот објави дека 23 луѓе имале позитивен тест при доаѓањето во Кина во саботата, 13 од нив се спортисти или членови на земјите учеснички. Останатите 11, се членови на делегациите на националните олимписки комитети кои се запишани во затворениот олимписки систем.
Ден претходно беше официјално објавено дека се позитивни 36 лица, со што бројот на заразени со коронавирус од 23 јануари се искачи на 139.
Зимските олимписки игри ќе се одржат под строги мерки, каде што секоја вклучена група ќе биде посебно одвоена. Секој член на олимписките делегации сместени во олимпискиот балон е должен да прави по еден ПЦР тест секој ден со цел побрзо да се открие можна инфекција со коронавирус.
Оние со позитивен резултат мора да бидат изолирани во посебен хотел, а од него можат да излезат само кога ќе имаат два негативни резултати во рок од 24 часа.
Кина продолжува да спроведува многу строги мерки за борба против Ковид-19, а во последните недели неколку милиони градови беа ставени во карантин.