Лазаров: Зошто јавноста никогаш не ги критикува странците? Талески и Кузмановски постојано се на мета!

4419

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Кирил Лазаров, по завршување на Европското првенство, прво за него како селектор, говореше за бруталните критики кои јавноста ги испрати, и редовно ги испраќа на сметката на неколку репрезентативци во изминатите години.

Најпогоден во ова модерно време на социјални мрежи и „милиони“ селектори е Филип Талески, тука некаде е Филип Кузмановски. И двајцата беа на мета на критики и на ова Европско првенство.

„Јас не читам коментари на социјалните мрежи, читам колумни или текстови од новинарите, имам доволно искуство за такви работи. Мора да ги разбереме, јас го имам поминато тоа, мора да бидат заштитени за време на натпреварувањата. Нормално е дека Талески го погодија критиките. Искрено против Црна Гора, меч според многумина најважен, за мене не беше, дојде во десетата минута и рече дека не може. Тој беше подготвен како „животиња“, вели се уморив. Да ми побараше измена против Данска, ќе сфатев. Имаше блок, една кочница.

И јас на овие години добивам блокада, ти се буни мозокот, не знаеш дали да шутнеш или не. Сите го фатија за заб. И да одигра пет-шест меча добро, следниот кога ќе одигра лошо одново ќе биде критикуван. Ние мора да им помогнеме на репрезентативците, па сите тие имаат семејства, деца, родители, не е едноставно“, изјави Лазаров во гостувањето во Канал 5, во емисијата „Голден Карпет“.

Практика во Македонија е да се поддржат странците – било какви. Што пак е многу погрешно за Лазаров, голем дел од нив ја искористија оваа ситуација и размислување и си направија кариери.

„Зошто не се коментира на ист начин и за странците кои играат во Вардар или Е.Пелистер, или пак во Металург на времето. Ако играат слабо е добро, но ако одиграат еден меч како што треба тогаш се ѕзведи. Сите тие си направија кариери во Македонија, убаво им е, знаат дека се заштитени. Медиумски добро поминуваат. Ако кога ќе дојдат Талески и Кузмановски, тие се на „стрелана“ од јавноста. Јас приватно ги критикувам, нормално во соблекувална. Јас сакам од нив да направам победници“, додаде Лазаров.

Тој го искоментира моментот со Марко Митев, кој веднаш доби статус на голема надеж.

„Митев е добар играч, го ставив за капитен на младинското првенство, беше прогласен за МВП. Јас гледам како секој добар или лош коментар влијае на нив. Никој не имун на позитивни коментари. Да игравме уште еден натпревар, а јас да не го ставев во игра, ќе требаше да ме снема и мене“.

ПретходноОва е КРАЛОТ: Последниот поен на Надал за ИСТОРИЈА! (ВИДЕО)
СледноНадал: Имам уште енергија, се гледаме идната година во Мелбурн