Шпанскиот тенисер Рафа Надал по рекордната 21. Гренд слем титула беше неизмерно среќен. Успеа да слави по магичен пресврт и маратонски меч од 5 часа и 26 минути против Данил Медведев.
„Неизмерно сум среќен, ова е еден од моите најемотивни моменти во кариерата, затоа што пред само еден месец не знаев дали воопшто ќе можам да играм тенис. Големи чест ми е што го делев теренот со голем шампион како Медведев. Сигурен сум дека и тој овде ќе крева трофеи, а знам како му е затоа што и јас неколку пати бев во иста позиција кога губев финалиња. Само мојата фамилија, целокупниот тим и јас знаеме колку борба беше потребна да се вратам и да бидам тука. Немаше да успеам без нивната поддршка. Пред 45 дена реков дека ова ќе биде мојот последен турнир во Австралија, но се предомислив. Чувствувам дека имам доволно енергија и се гледаме наредната година“, изјави Надал.