ОФИЦИЈАЛНО: Бруно го засили Њукасл за неверојатни 50 милиони евра

574

Сега и официјално. По неколкудневни преговори Њукасл успеа да се договори со Лион за трансфер на бразилскиот дефанзивец Бруно Гимараеш. Претходно двете страни се договорија за трансферната сума, а новинарот Фабрицио Романо пренесува дека Њукасл се согласил да плати 50 милиони евра, и притоа Лион има право на 20% од сумата од наредниот трансфер (што е повисока сума од претходно што се мислеше 40 милиони евра плус 2 милиони во бонуси). Фудбалерот откако ги мина лекарските прегледи во Бразил стави потпис на договорот кој е до 2026 година.

Ќе го носи дресот со број 39 кој го симболизира бројот на такси возилото што порано го возел татко му.

Тој е третото засилување за Њукасл оваа зима по Киеран Трипие и Крис Вуд.

„Бруно е талентиран фудбалер и ни беше приоритет оваа зима. Среќен сум што успеавме да го донесеме. Тој ќе биде огромно засилување за нас. Спремен е за игра“, изјави тренерот Еди Хоув.

Бруно е со репрезентацијата на Бразил за квалификациите за СП 2022 и ќе му се приклучи на Њукасл веднаш штом ќе заврши интернационалната пауза.

 

ПретходноСуспензија за Гринвуд – не смее ни да тренира, ни да игра
СледноЈувентус се откажа од Кулушевски и Бентакур, а го купува Закарија