„Пандевци“ ремизираа со рускиот премиерлигаш Крилја Советов

322

Во контролен меч во Турција македонскиот прволигаш Академија Пандев одигра реми без голови против рускиот премиерлигаш Крила Совјетов од Самара. Во врнежливи услови, македонскиот претставник имаше многу добри шанси да го совлада противникот меѓутоа нивниот голман беше на висина на задачата. Посебно треба да се издвојат шансите во 3.  и во 87. минута и дуели еден на еден со противничкиот голман кој излезе поуспешен од фудбалерите на Академија Пандев.

Ова е трет тест меч на „Пандевци“. Претходно загубија од косовски Лапи (2:0), а ремизираа со Нови Пазар (1:1). Наредниот меч на „Пандевци“ е против бугарска ЦСКА Софија на 31 јануари.

ФОТО: http://www.kc-camapa.ru/

 

ПретходноПријателска во Драч: Струга ТЛ ремизираше со Дренаси!
СледноДанска после продолжение ја совлада Франција за бронза на ЕУРО