Работнички го “одмазди“ Шкупи, убедлив триумф над Факел со 3:0!

450

Попладнево во Анталија, во пријателски натпревар, фудбалерите на Работнички со 3:0 (2:0) успеаја да го совладаат рускиот тим Факел Вороњеж. Со тоа и да го “одмаздат“ Шкупи ако се знае дека чаирчани вчера загубија во еден многу груб натпревар и тоа по вина на фудбалерите на Факел.

Стрелци на головите за Работнички беа Марио Станковски во 8.минута од пенал, додека Арбин Зејнулаи реализира две минути подоцна за 2:0.

Во самиот финиш момците на тренерот Борче Христов постигнаа уште еден гол за 3:0.

ПретходноКоронавирус на ЗОИ: Уште 34 нови случаи во Пекинг
СледноУф, какво финале во Мелбурн: Надал го освои АО и сега е НАЈГОЛЕМ во историјата!