Репрезентацијата на Сенегал ја совлада Екваторијална Гвинеја со 3:1 и обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции на Купот на африканските нации, кој се одржува во Камерун. Во борбата за финалето избраниците на Алиу Сисе ќе се сретнат со Буркина Фасо која во саботата го елиминираше Тунис.
Сенегал поведе со голот на Диду во 28. Минута, по што следуваше период од мечот во кој Екваторијална гвинеја притискаше и успеа во 57. Минута со голот на Јаник да израмни на 1:1.
Сепак, Сенегалците беа подобри, поорганизирани во нападот и искористија две грешки на противникот за да стават точка на неизвесноста. Напрво Кујате погоди во 68. минута, а потоа и Исмаила Сар за конечни 3:1.