Солберг на „седмо небо“: Не можам да опишам колку сум горд на овие момци (ВИДЕО)

223

Шведска после 20 години пауза успеа да се искачи на тронот на Европа. Во финалето ја совлада Шпанија по голема драма и пенал во финишот со 27-26 за петти златен медал во својата историја на овие натпреварувања.

Селекторот на Шведска, Глен Солберг по триумфот над „фуријата“ има право да биде горд на своите момци. И оваа репрезентација како останатите се соочи со бројни Ковид-проблеми.

„Невозможно е да се опише, толку сум горд. Горд и трогнат. Горд сум на оваа група момци кои се фантастични. Одиграа онака како што се договоривме. Имавме проблем со ковидот и други работи беа против нас, но сепак се справуваме со тоа најдобро што знаеме. Ова е нешто големо, многу големо“, изјави селекторот на Шведска, Глен Солберг.

ПретходноЌерката на Солскјер решета за Јунајтед – 13 гола на 12 меча сезонава!
СледноШест европски репрезентации си обезбедија место и на СП 2023