Тасевски ќе му биде помошник на Вулиќ во Ксанти!

1377

Жикица Тасевски одново е со тренерски ангажман и тоа како помошник на легендарниот Хрват Зоран Вулиќ. Вулиќ и Тасевски ќе го предводат грчкиот второлигаш Ксанти, тим каде што настапува и Бесарт Ибраими, рекордерот во постигнати голови во нашата ПМФЛ.

Тасевски досега беше тренер на неколку наши екипи, а последен пат го предводеше тимот на Македонија ЃП.

За Вулиќ не треба да се трошат зборови, и како играчка легенда на Хајдук, се разбира и како тренер кој во неколку наврати ги предводеше сплитските “били“, но и уште неколку други клубови.

ПретходноПријателски во Анталија: „Лавовите“ со реми против Алтач, Силекс загуби од Металац!
СледноОва е КРАЛОТ: Последниот поен на Надал за ИСТОРИЈА! (ВИДЕО)