Торонто најверојатно ќе го тредува Горан Драгиќ пред крајниот рок на 10 февруари, објави „Торонто Стар“. Според изворот, Репторс имаат многу различни опции за размена на Словенецот и клубот е во преговори со неколку клуба од НБА лигата.
Торонто го купи Драгиќ во договор за кој содржеше и трејд на Кајл Лаури во Мајами. Драгиќ оваа сезона одигра пет натпревари, со просек од 8,0 поени и 1,8 асистенции.