Дел од медиумите во арапскиот свет денеска објавија дека нашиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски е нов фудбалер на екипата на Ал Фајха. Според информациите, Трајковски ја завршил соработката со Алборг, каде денеска не се појавил на тренинг и најверојатно си подал рака за 1,5 годишен договор со тимот од Саудиска Арабија.
Тој е вториот македонски репрезентативец кој се пресели во Саудиска Арабија по Езџан Алиоски, кој од почетокот на сеозната го носи дресот на Ал Ахли.