Уф, какво финале во Мелбурн: Надал го освои АО и сега е НАЈГОЛЕМ во историјата!

354

Рафаел Надал губеше со 0:2 во сетови, Данил Медведев беше пред нов подвиг, но Шпанецот се врати во игра во епското финале на АО во Мелбурн, кое траеше речиси 5,5 часови, и успеа да победи со 3:2. Ова за него е 21 гренслем пехар и сега е најголем во историјата. Ги остави зад себе Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер кои имаат по 20.

Во финалето се играше атомски тенис на задоволство на вистинските љубители на “белиот спорт“. Имаше и тоа како што да се види. Медведев ги доби првите два сета, се чинеше дека е пред триумф, но Рафа “извади“ од себе некоја невидлива сила и успеа трите наредни сета да ги добие во голем стил и на крај да ги подигне рацете во знак на триумф.

Сега Надал е НАЈГОЛЕМИОТ, а Новак нека се мисли дали му требаше таа балканска тврдоглавост.

ПретходноРаботнички го “одмазди“ Шкупи, убедлив триумф над Факел со 3:0!
СледноПријателски во Анталија: „Лавовите“ со реми против Алтач, Силекс загуби од Металац!