Сандер Сагосен и Кирил Лазаров се двете имиња кои во историјата на Европските првенства кои имаат постигнато најмногу погодоци на еден турнир. Најдобриот македонски ракометар на ЕП 2012 година постигна 61 гол и стана број еден во оваа категорија, се до 2020 година, кога Сагосен стигна до бројката од 65 погодоци.
Според последната листа на стрелци на актуелното Европско првенство кое завршува денеска, ниту еден играч не е блиску до остварувањето на Сагосен и Лазаров. Прв на листата на стрелеци е Магнусон од Исланд со 59 гола, но неговата репрезентација го заврши настапот. Зад него е Хансен, кој има 47 погодоци. Данскиот ракометар треба да постигна 14 гола против Франција во битката за третото место да се изедначи со Лазаров, нешто што е тешко остварливо.
Но, како за утеха за пропуштената шанса за финале, би можел да се избори за најдобар стрелец. Денеска ќе мора да испорача 12 гола во мрежата на противникот.