Шведска денеска (18 часот) ќе има шанса да дојде до нов златен медал на Европските првенства после 20 години пауза. Оваа репрезентација која е рекордер по бројот на освоени титули за финалната пресметка со Шпанија ќе може да смета на тројца важни ракометари.
Станува збор за Хампус Ване, Никлас Екберг и Феликс Клар, истите излегоа од изолација откако беа позитивни на коронавирус.