Шест европски ракометни селекции веќе обезбедија пласман на престојното Светско првенство кое ќе се одржи на почетокот на следната година. Според пласманот на ова ЕП и минатото СП, место на Мундијалот обезбедија Данска (како актуелен светски првак), Франција, Норвешка и Шпанија.
Директен пласман ќе има и за двете селекции кои се ко-домаќини на првенството, а тоа се Шведска и Полска.