Јувентус доцна синоќа договорил два излезни трансфери – еден од нив е Кулушевски!

1504

Јувентус реализираше трансфер откако во Торино пристигна Душан Влаховиќ, одлични напаѓач и тип на играч кој беше неопходен за клубот.

Следен кој треба да дојде е Денис Закарија, кој ќе го засили средниот рок, нешто што му е потребно на Јувентус.

Според информациите од Италија, раководството на клубот доцна синоќа успеа да договори уште два излезни трансфери. Екипата ја напуштаат двајца играчи кои не можат да се пофалат со својата форма.

Дејан Кулушевски и Родриго Бентанкур кариерите ќе ги продолжат во Тотенхем, а трансферите ќе бидат реализирани посебно.

Уругвајскиот фудбалер во Лондон доаѓа од сума од 20 милиони евра, во овој износ се вклучени и евентуални бонуси, со тоа што 3% ќе му припадне на Бока Јуниорс.

Кулушевски прво ќе оди како позајмица за 5 милиони евра, но Тотенхем има ќе има обврска до крајот на сезоната да го откупи за 30 милиони евра.

Останува за сето ова да стигне потврда најдоцна до утре до полноќ.

ПретходноЃоковиќ ќе биде најголем губитник по финалето меѓу Надал и Медведев
СледноТрагедија: Почина навивач на Фулам кој за време на мечот со Блекпул добил срцев удар