Ќерката на Солскјер решета за Јунајтед – 13 гола на 12 меча сезонава!

274

Оле Гунар Солскјер беше напаѓач и тренер на Манчестер Јунајтед. Норвешкиот фудбалер беше човек од клупата, кога и да влезеше постигнуваше голови за „Црвените ѓаволи“, меѓутоа не го издржа притисокот и како тренер на првиот тим. Добро се носеше, но на крајот „пукна“ и клубот го отпушти.

Норвежанецот моментално е без работа, а додека тој паузира и чека нова понуда, ужива во настапите на неговата ќерка за женскиот младински тим на Манчестер Јунајтед. Таа се вика Карна Солскјер, има 18 години и игра во нападот. Сезонава има импресивен ефект во младинското женско првенство на Англија, на 12 натпревари постигна 13 гола.

Кларна дојде во Јунајтед во 2019 година, бргу по назначувањето на Солскјер за тренер на машката екипа. Претходно таа како и татко и беше дел од Молде. Таму Оле беше тренер и донесе титула, а Карна ги бранеше боите на женската екипа.

Оле има и два сина, Ноа и Елаја кои исто така се фудбалери. Ноа игра за Кристијансунд во Норвешка, а Елаја, исто како и Карна, е дел од младинскиот тим на Манчестер Јунајтед.

Дури и сопругата на Оле, Силје порано играла професионален фудбал. Цела фамилија фудбалери…

ПретходноЗа данската легенда Цветан Кузманоски е најдобриот македонски ракометар на ЕУРО
СледноСолберг на „седмо небо“: Не можам да опишам колку сум горд на овие момци (ВИДЕО)