10 поени за Димитријевиќ, четврта победа во низа за Валенсија

121

Со 10 поени, 4 асистенции и еден скок, за околу 25 минути на паркетот, нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ учествуваше во новата победа на Валенсија во шпанската Лига Ендеса.

Вечерва на гостувањето кај Тенерифе, Валенсија славеше тесно со 80:78, а Димитријевиќ имаше одлична партија во првиот дел од мечот кога постигна и најголем дел од поените.

За Валенсија ова е веќе четврта полседователна победа со која се искачија на 4. место на табелата.

ПретходноШест европски репрезентации си обезбедија место и на СП 2023
СледноТрајковски се договорил со Ал Фајха!