Линдвик победник во Вилинген, Гајгер се врати на првото место (видео)

109

Рују Кобајаши имаше прекрасен настап на првиот ден во Вилинген и со победата се врати на првото место во генералниот пласман, но веќе денеска го испушти. Германецот Карл Гајгер повторно го презема првото место со освоеното второ место на вториот ден на скокалницата во Вилинген.

Инаку победник беше Норвежанецот Мариус Линдвик што е трета негова победа сезонава во Светскиот куп и деветти пат е на подиумот. Третото место му припадна на Цене Превц од Словенија, а четврти Кобајаши.

Во генералниот пламан Гајгер води со 1189 поени, а втор е Кобајаши со 1186 поени. Гранеруд е трет со 910 поени, а Линдвик е четврти со 903 поени.

Во женска конкуренција во Вилинген вчера триумфираше Марита Крамер од Австрија, која воедно е прва во генералниот пласман. А денеска победи Ника Крижнар од Словенија.

 

ПретходноИнтересно во Гармиш: Брињоне и Хитер го поделија првото место
СледноМЗТ Скопје се пријави за организација на завршниот турнир од АБА2