МЗТ Скопје Аеродром испрати официјална пријава за организација на завршниот турнир од АБА2.
Станува збор за добивање можност да се биде домаќин на најдобрите осум екипи од ова натпреварување, а покрај Скопје, неофицијално, интерес пројавиле и два босански града, Сараево и Бања Лука.
Фајналејт-турнирот од АБА2 начелно е планиран за месец април, кога екипите, засега според неофицијални информации, би играле според класичен куп-систем односно само по еден натпревар, наместо по два како што беше лани, по кои решаваше вкупниот кош-количник. Ваквиот принцип значи дека домашниот терен ќе биде уште поголема предност, па се надеваме дека раководството на АБА ќе ја земе в предвид богатата традиција на нашиот клуб, како и фактот што сме еден од основачите на сегашното натпреварување и ќе ни направи чест да бидеме домаќини на најдобрите екипи.
МЗТ Скопје Аеродром во моментов е второпласиран на табелата со скор 6-1, во пресрет на последните два турнири, кои ќе се одржат во Бања Лука и во Широки, каде што секоја екипа ќе одигра по три натпревари.