Трагедија: Почина навивач на Фулам кој за време на мечот со Блекпул добил срцев удар

187

Тажни вести доаѓаат од Англија. За време на мечот меѓу Фулам и Блекпул во рамките на англискиот Чемпионшип навивач на домашниот тим колабрираше. Станува збор за Пол Периш. Откако се урнал на трибините лекарите веднаш реагирале и се обидувале да со спасат, за жал починал во болница како последица на срцев удар.

Оваа информација ја потврди и Фулам.

„Со голема тага информираме дека нашиот навивач Пол Периш почина. Изразуваме сочувство до семејството и пријателите на Пол“.

Станува збор за верен навивач на Фулам кој имал сезонски билети за сите домашни мечеви.

Натпреварот заврши со резултат 1-1, единствениот гол за Фулам го постигна српскиот репрезентативец Александар Митровиќ, израмни Боулер во 57. минута.

ПретходноЈувентус доцна синоќа договорил два излезни трансфери – еден од нив е Кулушевски!
СледноХансен во (не)возможна мисија во „лов“ на рекордот на Лазаров!