Утре е денот „Д“ за Дембеле во Барселона: ПСЖ може да го добие уште оваа зима

253

Барселона и ПСЖ утре ќе имаат финална рунда преговори околу иднината на крилниот напаѓач на Каталонците, Усман Дембеле. Како што вечерва пишуваат шпанските медиуми, Барселона интензивно преговара со ПСЖ за да го испрати Дембеле во нивните редови уште оваа зима.

Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред се договорил со парискиот клуб за трансфер на лето, кога ќе стане слободен играч.

Дембеле, чиј договор истекува на крајот на сезоната, не можеше да се договори со каталонскиот тим за продолжување на договорот и Барселона по секоја цена инсистира тој да си замине што е можно порано.

ПретходноТоронто ќе го трејдува Драгиќ до крајот на преодниот рок
СледноНов скандал на Купот на Африканските Нации! (ВИДЕО)