Финалето во Австралија Опен се игра за половина час, во него силите ќе ги одмерат Данил Медведев и Рафаел Надал. За нив ова ќе биде второ финале на гренд слем турнирите, првото беше на УС Опен 2019 година, победи Шпанецот.
Со триумф, Надал тој ќе биде осамен на врвот на листата по бројот на освоени гренд слем титули. Засега Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал имаат по 20 титули. Српскиот тенисер имаше шанса да влезе во историјата уште претходно, но не успеа, сега не му беше дозволено да игра на Австралија Опен, откако беше депортиран од оваа земја.
Ѓоковиќ покрај тоа што може да остане без првото место по бројот на титули, тој може да го изгуби и првото место на АТП листата доколку Медведев го победи Надал и дојде до втората гренд слем титула.
Како ќе заврши финалната битка останува да видиме наскоро.