Јувентус се откажа од Кулушевски и Бентакур, а го купува Закарија

156

Јувентус успеа да го купи српскиот голгетер Душан Влаховиќ од Фиорентина, но торинскиот клуб не застанува со промените во своите редови. Пред истекот на трансферниот преоден рок „црно-белите“ ќе направат уште една зделка.

Веќе се согласија да ги пуштат Кулушевски и Бентакур во Тотенхем. За Бентакур „спарс“ ќе платат 15 милиони фунти плус 4 милиони во вид на бонуси. Кулушевски оди како позајмен во лондонскиот премиер лигаш, а во Торино доаѓа нов фудбалер.

Се работи за 25-годишниот швајцарски репрезентативец Денис Закарија. „Газета дело Спорт“ открива дека Јувентус ќе плати 5 милиони евра за да го откупи неговиот договор од Борусија Менхенгладбах. Играчот од средниот ред ќе потпише 4,5 годишен договор вреден 3 милиони евра по сезона.

Закарија претходно играше за Јанг Бојс, а за Швајцарија има 40 настапи.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Бруно го засили Њукасл за неверојатни 50 милиони евра
СледноИнтересно во Гармиш: Брињоне и Хитер го поделија првото место