Англиски Брентфорд утрово го објави потписот со данскиот играч за врска Кристијан Ериксен. Тој доби договор до крајот на сезоната.
Данецот замина од Интер како слободен играч кон средината на декември, бидејќи неговиот имплант на срцевиот уред не му дозволува да игра професионално во Италија. 29-годишниот Ериксен нема играно откако доживеа срцев удар за време на натпреварот на Данска со Финска на ЕП 2020 на 12 јуни и сакаше да се врати на највисоко ниво со надеж дека ќе оди и на Светското првенство.
Осум од играчите на Брентфорд се од Данска, а исто така и менаџерот Томас Франк работеше со Ериксен во младинската репрезентација. Ериксен има вграден апарат за имплантација на кардиовертер дефибрилатор.
✍ Welcome to Brentford, @ChrisEriksen8 👊#BrentfordFC 🐝 #EriksenJoins pic.twitter.com/O8h5WbdUZ2
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022