Талентираниот фудбалер Оли Танер, кој моментално настапува во седмолигашот Левес добил понуда да ги брани боите Тотенхем и да заигра во Премиер лигата меѓутоа ја одбил. Се работи за крилен играч кој игра во аматерски ранг, но оваа сезона има фантастични настапи со што го привлече вниманието на клубовите од повисоките рангови, а меѓу нив и Тотенхем. „Спарс“ се договорил со неговиот клуб околу трансферната сума, но фудбалерот не сакал да се пресели на „Вајт Харт Лејн“. Причината биле условите кои лондонскиот клуб му ги понудил.
„Фудбалскиот клуб Левес постигна договор со Тотенхем, но 19-годишниот Оли Танер и клубот од Премиер лигата не се договориле околу личните услови“, соопштија од Левес.
Инаку Танер бил во школата на Арсенал, но не останал на „Емирати“ туку продолжил во пониските лиги, отишол во Бромли, а минатото лето и во Левес.
🚨 Ollie Tanner, who plays for non-league Lewes, has turned down a move to Tottenham.
Yes, you read that right.
(Source: The Athletic)
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2022