Пандев и Буфон заедно во Парма: Легенда во шпицот, легенда на голот!

849

Како “бомба“ одекна веста од Италија доцна попладнево дека Горан Пандев ја напушти Џенова и дека во пролетниот дел од сезоната ќе игра за Парма, во Серија Б.

Договор има, се чека само на официјализирање на трансферот или позајмицата.

Инаку ГРАНДЕ како легенда во Серија А ќе биде заедно во Парма со уште една голема, голема легенда на “Чизмата“. А тоа е Џиџи Буфон.

Нема што, Парма ќе има легенда во нападот, но веќе има и легенда на голот.

Бројките од настапите на двајцата во Серија А, се „застрашувачки“. Имено Пандев и Џиџу Буфон вкупно одиграле 1.150 натпревари. Македонецот има 493 настапи и 101 гол, додека Италијанецот за Парма и Јуве има 657 мечеви во една од најквалитетните лиги во светот. Тука ги сметаме само натпреварите во Серија А.

За Македонија и Италија овие двајца одиграле вкупно 298 натпревари. Пандев има 122 мечеви а Буфон дури 176, Македонецот има и 39 голови.

Ете такви легенди во наредниот период ќе ја предводат Парма низ мечевите во Серија Б.

ПретходноЛампард не се шегува: И Лука Јовиќ во Евертон!?
СледноДва златни, два бронзени и еден сребрен медал за македонските сноубордери на меѓународен ФИС натпревар