Трансферот е готов: Фенер го сели семејството на мега – талентот Дашмир Елези во Истанбул!

3513

Фенербахче, барем според медиумите блиски до гигантот од Босфорот, е на добар пат да го „зграпчи“ новиот „Елиф Елмас“, а тоа е мега – талентот на Шкендија и мак – фудбалот Дашмир Елези. Имено трансферот е готов, деталите се договорени, останува само начинот на кој истиот ќе се реализира.

Турскиот гигант има три опции, или план-А, план-Б или план-Ц, и сите се подготвени за реализација. Така барем велат извори блиски на Фенер од Истанбул.

Првата е сега да се направи класичен трансфер, за Шкендија 600.000 евра и плус 30% од следниот трансфер. Во меѓувреме Фенер чека потврда од ФИФА дали е можен ваков трансфер ако се знае дека Дашмир дури во ноември ќе полни 18 години.

Втората опција, се разбира ако не може да се оствари првата, е да се донесе семејството на младиот офанзивец во Истанбул. Таткото на Дашмир да добие работна дозвола и на тој начин играчот да се регистрира и се оствари овој трансфер.

Третата опција е, Фенер да добие аматерска лицеца и тој да игра во У-19 тимот на Фенер се до ноември кога ќе наполни 18 години.

ПретходноМбапе и Реал Мадрид постигнаа договор, Французинот ќе биде еден од најплатените фудбалери!
СледноЕкберг е скромен: Не се освојува трофеј со еден пенал!