Дали последниот ден од преодниот рок ќе донесе вистинска трансфер „бомба“? Имено како што се шпекулира на Островот, Јаник Караско најверојатно го напушта Атлетико Мадрид и би требало до крајот на денот да се пресели во Премиер – лигата. За него силно се заинтересирани Њукасл и Тотенхем, кои имаат намера да ја платат откупната клаузула на репрезентативецот на Белгија која чини 60 милиони евра. И двата клуба веќе стапиле во контакт со менаџерот на Караско, Пини Захави. И двата клуба имаат понуда за личните услови, но таа на Њукасл била подобра.
Сега на потег е самиот фудбалер.