Дарвин Нуњез одби трансфер во Вест Хем кој можеше да стане клупски рекорд

295

Уругваецот Дарвин Нуњез одби понуда од Вест Хем кој беше подготвен да го собори клупскиот рекорд за да го донесе младиот уругвајски напаѓач во Лондон.

Вест Хем, кој практично го немаше никаде цел зимски преоден рок, во последниот ден тргна со вртоглава понуда од 54 милиони евра за Нуњез, кој сепак, ршил дека за него во моментов е најдобро да си остане во Бенфика.

Нуњез ја прекинал целата работа бидејќи сака да остане во Лисабон до лето, а дури на крајот на сезоната ќе преговара со поамбициозен клуб, но кој ќе биде учесник и во Лигата на шампионите.

ПретходноПочнаа проблемите со коронавирус во СЕХА-лига!
СледноСити го потврди трансферот на Алварез!