Екстра засилување: Војдан Стојановски за уште посилен МЗТ!

347

Последниот ден од првиот месец годинава ќе се памети и по информацијата дека договор со МЗТ Скопје Аеродром потпишал капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски.

Тој од денеска, за првпат во кариерата, е член на “,металците“, каде што ќе настапува заедно со својот брат-близнак, Дамјан, тандем од кој се очекува да биде движечка сила на патот кон одбрана на двојната круна на домашна сцена и атак на промоција во јадранската елита преку АБА2-лигата.

За Војдан Стојановски ова ќе биде враќање во македонската клупска кошарка по повеќе од една деценија, со оглед што интернационалната авантура ја почна во 2011 година, кога замина за Украина. Од тогашниот настап за Черкасеи мавпи, македонскиот репрезентацивец настапуваше за Доњецк, Алба Берлин, Андора, Реал Бетис, Бујукчекмече, Олденбург, По Ортез и Гравелин. Кариерата ја почна во Вардар, а има играно уште и за АМАК-СП,Напредак Крушевац и за Фени индустри.

ПретходноСензационално: Пандев до јуни во Парма!
СледноЗахариевски: Струга ТЛ го продолжи својот престој во Драч, од утре се приклучува и Китановски!