Затворање на трансфер пазарот: Каде може да се прават трансфери и по 31 јануари?

276

Иако денеска во најголемиот дел од светот завршува зимскиот преоден рок, сепак, има доволно голем број на светски земји каде фудбалскиот пазар се уште продолжува. Меѓу нив е и Македонија. Кај нас зимскиот трансфер пазар се затвора на 11 февруари, како и во Србија и Црна Гора.

Од поголемите европски земји и посилните национални првенства, по денешниот ден трансфер ќе може да се прават и во Португалија (до 2 февруари), Израел (3 февруари), Австрија (7 февруари), Турција (8 февруари), Романија (14 февруари), Хрватска, Словенија и Швајцарија (15 февруари), Чешка и Русија (22 февруари) или Кина (28 февруари).

ПретходноАко не полага тест, Анчелоти нема да може да го води Реал во ЛШ?!
СледноЈакимовски со „дабл-дабл“ за трета врзана победа на Вашингтон