Ливерпул купи и крилен напаѓач од Фулам

286

Во последниот ден од преодниот рок Ливерпул си донесе уште еден фудбалер во своите редови. Го посака крилниот напаѓач Фабио Карваљо и лесно се договори со Фулам. 19-годишниот играч ќе потпише петгодишен договор со клубот од Енфилд, меѓутоа тој ќе се врати во Фулам да ја доигра сезоната во Чемпионшип како позајмен.

Се работи за фудбалер кој е роден во Лисабон, а ја почнал кариерата во младинските категории на Бенфика. Меѓутоа во 2014 година се сели во младинскиот тим на Фулам и таму игра се до 2020 година кога е прекомандуван во А тимот.

Има играно за У16, У17 и У18 репрезентациите на Англија.

Во досегашниот дел од сезоната во Чемпионшип на 16 натпревари има седум голови.

ПретходноШпанскиот шампион го донесе левиот бек Реинилдо
СледноРибери размислува да го прекине договорот со Салернитана и да се пензионира