УЕФА вчера доставила барање до главниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, веднаш да ги заврши задолжителните тренерски курсеви инаку во спротивно нема да му биде дозволено да го води својот тим на престојните натпревари од Лигата на шампионите.
На 31 декември на Анчелоти му истекла тренерската лиценца и тој се уште не ја обновил.УЕФА го известила 62-годишниот стратег дека треба да положи испит за да продолжи да работи како тренер, пишува „Кориере дело Спорт“.
Кралската шпанска фудбалска федерација му порача на Анчелоти дека ќе стапи во контакт со УЕФА за да се реши ситуацијата. Анчелоти во текот на својата тренерска кариера освои 21 трофеј, а трипати стана победник на Лигата на шампионите.