Она што “Спортмедиа“ го најави ексклузивно уште во саботата вечерта, кога всушност кога беше и договорен трансферот и потпишан договорот, денеска и официјално Жилина го промовираше Андреј Стојчевски како свое ново име.
Стојчевски е еден од нашите најголеми таленти, член е на младите селекции на репрезентацијата на Македонија, досегашен член на Академија Пандев а претходно играше за Вардар, каде што себе си се и промовираше.
Се разбира дека ова е голем чекор во кариерата на Андреј Стојчевски.