Готово е, дефинитивно е, секако и официјално. Александар Трајковски е нов член на Ал Фајха, клуб од елитната лига во Саудиска Арабија. Она што „Спортмедиа“ го најави пред два дена, тоа и се оствари.
Македонскиот репрезентативец во следните 1,5 година ќе настапува во шампионатот на Саудиска Арабија. Од клубот велат дека успеале да донесат големо засилување.
Инаку промоцијата на Трајковски е извршена во Дубаи (ОАЕ) каде екипата се наоѓа на подготовки.
Колку за потсетување, сега имаме двајца репрезентативци во С. Арабија, тоа се Езџјан Алиоски и Александар Трајковски.