Парма му посака добредојде на „Гранде Пандев“

519

Изненадувачко засилување за Парма – така „Калчомеркато“ го опишта трансферот на Горан Пандев од Џенова во Парма, клубот кој сега се натпреварува во Серија Б. „Гранде Пандев“ одлучи да ја прифати понудата на „млекарите“ и покрај тоа што има 38 години и ќе заигра заедно со славниот Џиџи Буфон.

Медиумите пренесуваат дека Гоче има договор до крајот на сезоната но има и опција да го продолжи на уште шест месеци или уште една сезона.

Парма му посака добредојде на Пандев, а тој е спремен да ги разигра соиграчите во нападот, а и сам да ги тресе противничките мрежи да му помогне на клубот да се подобри со оглед дека сезонава не му оди, ја држи 12-тата позиција на табелата со 24 бода, а далеку е од местата за Серија А и од местата за бараж.

 

ПретходноРаботнички и Симиќ се разделија
СледноИ тоа се случува – Играч од седмата лига го одби Тотенхем