Барнли денеска го објави потпишувањето на договорот со холандскиот репрезентативец Воут Вегхорст од германски Волфсбург. Центарфорот потпишал договор на три и пол години и веќе денеска ќе биде на тренинг да се запознае со своите нови соиграчи пред натпреварот од Премиер лигата против Ватфорд следниот викенд.
Вегхорст има 12 настапи за својата репрезентација, а постигна 59 гола во 118 натпревари во Бундеслигата во дресот на Волфсбург во изминатите три и пол сезони.