Пред неколку недели седеше дома и гледаше ракомет на ТВ, сега е европски шампион

773

Пред неколку недели Валтер Хринц седеше дома и гледаше ракомет на ТВ и пиеше пиво. Сега е европски шампион. На неколкуте натпревари каде имаше минутажа, стана популарен со неговата прослава на головите, што практично ги тераше навивачите да станат од столчињата.

Шведска го освои златото на Европското првенство, а Валтер Хринц кој му се приклучи на тимот на последните натпревари вели дека ова се најубавите моменти од неговиот живот.

„Ова е најголемото нешто што ми се случило, апсолутно најголемото! Последен пат Шведска освои злато на Европското првенство кога имав една година и сега стоиме тука и сме најдобри во Европа. Не можам да поверувам. Толку е добро“, вели младиот Хринц за кого велат дека е новата млада ѕвезда на европскиот ракомет.

ПретходноНов скандал на Купот на Африканските Нации! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ му „зеде мерка“ и на шампионот, Феникс прв до 40. победа сезонава (ВИДЕО)