Пријателска во Анталија: Добра игра на Шкупи и реми со Ахмат Грозни!

296

Во последниот меч од својот престој во Анталија, фудбалерите на Шкупи попладневи ги одмерија силите со Ахмат Грозни, клуб од руската Премиерлига.

Момците на стратегот Гоце Седлоски одиграа сосема добри 90.мнути, иако и на овој меч тимот беше комбиниран, како што и треба на вакви контролни средби.

Русите дојдоа во водство во 29.минута и тоа од пенал преку Поларус. За нашиот тим најстрога казна не реализира Алварез. Но затоа тука беше Омар Имери кој во 55.минута израмни на 1:1. Три минути подоцна Марко Ѓорѓиевски носи водство за чаирчани, сепак да нема триумф за нашиот есенски првак се погрижи Сибаи за конечни 2:2.

ПретходноТриумф со 4:0: „Пандевци“ си поигруваа со бугарскиот гигант ЦСКА Софија!
СледноНајавено па потврдено: Жилина го промовираше Стојчевски!