ПСЖ и Барселона не се договориле: Ништо од трансфер на Дембеле оваа зима

265

Пари Сен Жермен не постигнал договор за трансфер на напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле во зимскиот преоден рок. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо на Твитер.

Претходно се претпоставуваше дека денеска клубовите ќе ги имаат финалните разговори за зимски трансфер на Французинот, но по се изгледа работите биле завршени уште синоќа, но до договор не е дојдено. Останува во блиска иднина Барса и ПСЖ да разговараат повторно, но со оглед на тоа што се затвора трансфер периодот, ПСЖ веројатно ќе чека Дембеле да ја заврши својата одисеја во редовите на Каталонците и на лето да го добие како слободен играч.

Напаѓачот одбил да го обнови договорот со Барселона кој истекува на лето, бидејќи не бил задоволен од условите кои ги понудил клубот.

ПретходноЈокиќ му „зеде мерка“ и на шампионот, Феникс прв до 40. победа сезонава (ВИДЕО)
СледноВраќање на големата сцена: Ериксен и официјално е нов фудбалер на Брентфорд!