Работнички заврши со Анталија!

490

Работнички ги комплетираше зимските подготовки во Анталија. Фудбалерите на стратегот Борче Христов одработија 12 дена во турскиот туристички центар, одиграа три пријателски натпревари и се враќаат во Скопје, каде ќе следи глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел од првенството.

Работнички на подготовките во Анталија ги победи украинскиот прволигаш Лвов (1-0) и рускиот второлигаш Факел (3-0), а загуби од полскиот прволигаш Краковија (0-1).

Последниот пријателски натпревар е закажан за в сабота (13 часот) против второлигашот Кожув во Гевгелија.

ПретходноТотенхем го претстави “Македонецот“ Кулушевски, Ло Селсо во Вилјареал, Холанѓанец на “Гудисон“…
СледноЛампард не се шегува: И Лука Јовиќ во Евертон!?